Актуелно, ЈИЕУ претставува позитивен микс заедно со законскиот статус како јавен - приватен непрофитабилен универзитет. Ова пред се е резултат на фактот дека овој Универзитет стана еден силен промотор за пренос на духот на толеранцијата, почитувањето на мултијазичноста, како и културниот диверзитет во наставата и истражувањата а притоа развивајќи ги наставните програми со широка меѓународна и европска перспектива.
Имајќи ги во предвид актуелните состојби со високото образование во Република Македонија и регионов од аспект на разните понуди на студиски програми, Одборот на Универзитетот преку Стратегијата за развој одлучи да не се менува мисијата на Универзитетот и да продолжи со придонесот на високото образование на албански јазик, базирајќи се на флексибилна политика на употреба на јазиците а притоа чувајќи го мултикултурниот карактер, со студиски програми во рамките на меѓународните современи стандарди. Во оваа стратегија се дефинирани и два приоритета, кои го гарантираат успехот на реализирањето на мисијата, и тоа: квалитетот и долгорочната финансиска одржливост. Што се однесува до академскиот дел, една од предностите која го издвојува ЈИЕУ од традиционалните универзитети во земјава и регионов е способноста за постојано развивање на студиските програми според еден добро интегриран процес од страна на сите учесници. Процесот на развојот на студиските програми ги следи препораките за меѓународни стандарди кои се опишуваат во документите кои се базираат на Болоњската декларација како и во најдобрите практики на најуспешните меѓународни универзитети.
Сега успешно сме навлезени во втората академска година на функционирањето на неколку дисперзирани студиски програми во Скопје, вклучувајќи ја и понудата на студиски програми на англиски јазик. Во рамките на партнерството со институции на високото образование од Европа и САД реализираме и нови студиски програми, како што е случајот со двојната диплома со престижниот Лондонски Универзитет - London School of Economics, како и разни научни проекти.
Од основањето на ЈИЕУ не недостасуваше поддршката од целата меѓународна заедница, која со понудената помош не охрабри во продолжувањето на реализирање на нашите активности за нови достигнувања. Исто така, големо значење има и фактот дека нашиот Универзитет ( од 2001 година и наваму) постепено докажа дека ја реализира предвидената мисија. Освен главната цел на мисијата за да придонесе во развојот на високото образование на албански јазик, кој е евидентен, со време ги реализираше и другите аспекти на оваа мисија. Сето ова придонесе нашиот Универзитет да служи како нов модел на квалитетно високо образование во Македонија, но и пошироко во регионов. Во годината која доаѓа ќе продолжиме и понатаму со отворањето на нашата институција не само во Универзитетскиот Кампус каде очекуваме да го реализираме Еко-Кампусот, докторски студии, студии по дистанца и објектот на спортската сала а ќе ги прошириме нашите инфраструктурни капацитети со градењето на Универзитетскиот кампус во Скопје.
За крај, сакам да го истакнам фактот дека хармонизацијата на стандардите и валоризацијата на европските знаења со нашите потреби и барања е успешен доказ за ЈИЕУ па затоа наша обврска е да продолжиме да бидеме и понатаму лидер на вредностите и образовните и академски стандарди во регионов.
Среќна Нова 2010 Година!