Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во презентацијата се осврна на високообразовната средина воопшто и УЈИЕ посебно. Тој, исто така, ја претстави академската структура во однос на студиските програми, човечките ресурси, начинот на настава во зависност од околностите во кои се наоѓаме, истражувачките активности и капацитети и нивните резултати, како и новата шема на стипендии за студенти.
„Во споредба со поставените цели и другите високообразовни институции имаме најизразен чекор и промените се исто така поизразени, почнувајќи од академските, менаџерските, до оние на истражувачките ангажмани и исполнувањето на резултатите и перформансите воопшто“, рече меѓу другото ректорот Беџети
За време на оваа активност беа разгледани многу теми поврзани со клучната тема, како што се „Предизвици во наставата и учењето за време на пандемијата: дигитализација, хибриден режим, присуство на студентите итн.“; „Новини во истражувањето и проектите во УЈИЕ“; „Евалуација на административните услуги - презентација и дискусија“.
Обуката на вработените се одржува секоја година и има за цел континуиран развој и понатамошно зајакнување во квалитетен кадар. Темите за обука произлегуваат од процедурата за самоевалуација која секоја година која секој член на кадарот ја пополнува секоја година.
Обуката се одвиваше во сесии, почитувајќи ги сите мерки за заштита од пандемијата со Ковид -19.
