Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Програмата на Министерството за образование „Оброк за секој студент“ се промовираше во УЈИЕ

Министерката за образование и наука на Република Северна Македонија, Мила Царовска, придружувана од заменик -министерот Арафат Шабани, во присуство на студенти од УЈИЕ и УТ и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Акад. проф. д -р Абдулменаф Беџети, денеска (19. август), ја промовираше новата програма на Министерството за субвенционирање на дневен оброк за секој студент.

Средбата со студентите, заради почитување на мерките одобрени од здравствените власти, се одржа во отворена средина.

"Сакам да истакнам дека денес, овде, во УЈИЕ, за првпат се промовира програмата за субвенционирање на дневен оброк за секој студент, која е посветена на сите граѓани на РСМ и е ориентирана кон поединецот, студентите, без разлика на институцијата каде што припаѓаат. Значи, промовирање на концептот „едно општество за сите“, каде што поединецот е во центарот на вниманието и дава еднакви можности на сите.“, рече во својот говор, ректорот Беџети.

Ректорот ги покани студентите да аплицираат за да го остварат правото на програмата за субвенциониран оброк.

Ректорот Беџети го изрази и ставот на академската заедница, дека наставниот процес треба да се одвива со физичко присуство, бидејќи врз основа на прелиминарните податоци, доколку продолжиме и понатаму со он-лајн настава, тогаш ќе се доведе во прашање и валидноста на дипломата.

„Ние во УЈИЕ сме решени и подготвени да ја продолжиме наставата со физичко присуство. Во моментов околу 70% од кадарот се вакцинирани со две дози и околу 20% со една доза. Исто така, со помош на Студентското собрание и асоцијација и според податоците на претседателот Агрон Демири, досега се вакцинирани околу 500 студенти.“

Министерката за образование, Мила Царовска, рече дека заедно со Универзитетот и студентските собранија остваривме конкретна соработка која даде видливи резултати и во зависност од буџетските можности ќе продолжиме да ги реализираме целите чекор по чекор. Ние, како министерство, со вашите препораки, успеавме да го удвоиме бројот на стипендии, додавајќи ги и стипендиите за магистерски и за докторски студии.

Заменик -министерот Арафат Шабани зборуваше за критериумите и условите за аплицирање за програмата „Дневен оброк за секој студент.“

Претседателот на Студентскoтo собрание и асоцијација, Агрон Демири, и се заблагодари на министерката за образование за заедничката соработка и прифаќање на барањата за субвенционирање на студентите за храна, без разлика на кој универзитет студираат. Како резултат на оваа важна соработка и дијалог имаме зголемување на стипендиите, кои се удвоија.

Google+