Дебатата беше организирана во соработка со Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците на РСМ и присуствуваше министерот за финансии-Фатмир Бесими; министерот за животна средина и просторно планирање-Насер Нуредини; министерот за економија-Крешник Бектеши; и министерот за информатичко општество и администрација-Јетон Шаќири, академски кадар и студенти на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Во својство на домаќин, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д -р Абдулменаф Беџети, го отвори настанот. Тој се заблагодари на првиот вицепремиер на Владата на Северна Македонија д-р Артан Груби, за можноста што му беше дадена на УЈИЕ да биде дел и придонесувач во дебатите за одбележување на 20-годишнината од овој Договор.
„Ако дикутираме за Охридскиот договор, ќе забележиме дека постојат три проценки. Едната проценка е дека овој Договор во голема мера е реализиран, другата е нихилистичка или негативна оценка, односно дека овој договор пропадна во многу аспекти и пореалната проценка, врз основа на докази и објективни студии и може да се заклучи дека овој договор има достигнувања со унапредување на позицијата и еднаквост на Албанците, но дека се уште има аспекти од договрот што не се целосно реализирани “, рече во своето обраќање ректорот Беџети.
Со почитување на сите проценки, ректорот ги истакна проценките на академскиот кадар и негоите лични во однос на ОРД, истакнувајќи некои аспекти зошто овој Договор е важен за еднакво општество. Постојат три причини зошто ОРД се смета за тесна рамка: првата е уставната преамбула, која ги разликува носителите на суверенитетот, во национални (етнички Македонци) и други, каде што за жал и Албанците се рангирани. Втората е тесната уставна норма, што предизвикува потреба од ревизија на законите кај што се уредуваат другите меѓуетнички односи (како што е употребата на јазици и слично). Третиот се однесува на ограничениот капацитет на консензуалниот систем, односно системот на двојно гласање.
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во Владата на РНМ-д-р Артан Груби, изрази задоволство што УЈИЕ е дел од прославите и дебатата по повод одбележувањето на 20.годишнината од потпишувањето на ОРД. Тој, исто така, се заблагодари на академскиот кадар за придонесот, дебатата и конструктивната критика презентирани на оваа панел-дискусија.
„Овој универзитет обезбедува квалитетен кадар за нашето општество и тие се бескраен чувар на човечкиот капацитет за целосна имплементација на ОРД“, истакна вице-премиерот Груби.
Ја користам оваа можност, рече Груби, да им се заблагодарам на сите оние мажи и жени кои го започнаа процесот на целосна слобода и еднаквост на Албанците во 1991 година, го продолжија во 2001 година и на сите оние кои го продолжија до денес.
„Охридскиот договор е процес што започна, но никогаш нема да заврши, бидејќи е тековен процес и е борба за целосна еднаквост“, рече меѓу другото вицепремиерот - Груби.
Д-р Фатмир Бесими -министер за финансии во Владата на РНМ, ги претстави економските аспекти на фискалната децентрализацијаи и ги опиша како централен и главен процес на ОРД. Тој рече дека целта е околу 10% од бруто домашниот производ да помине во администрацијата на локалната самоуправа, иако во моментов оваа бројка е околу 5%.
На оваа панел -дискусија поголемиот дел од академскиот кадар на Универзитетот ги презентираа своите ставови и начините на кои тие можат да се надминат и ефикасно да се имплементираат некои од одложувањата во спроведувањето на овој договор.
Министрите, Насер Нуредини, Крешник Бектеши и Јетон Шаќири конкретно одговорија на прашањата и дилемите кои ги покрена академскиот кадар на оваа дебата.
На дебатата учествуваа и студенти и претставници на Студентското собрание и асоцијација на УЈИЕ.
