Во рамките на реализацијата на меѓусебната соработка, Државниот завод за ревизија ќе овозможи реализација на практичната работа на најдобрите студенти, како и учество на дел од вработените како професионалци во наставата за практична работа, се вели во Меморандумот .
Универзитетот на Југоисточна Европа ќе обезбеди професионална поддршка и учество во подготовката и спроведувањето на годишните планови за развој и континуирана професионална обука на Државниот завод за ревизија, како и во Програмата за полагање стручен испит за стекнување на звање овластен државен ревизор.
Двете страни се согласуваат да соработуваат во широк спектар на активности и иницијативи од заеднички интерес со цел да се подобри знаењето и стручноста, имено организација на форуми, семинари, работилници, конференции, консултации, подготовка на научни трудови, методи, техники и инструменти за подобрување ревизијата.
