COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ вторoрангиран во Северна Македонија и прворангиран меѓу албанските универзитети во регионов според светското рангирање на Универзитети - Quacquarelli Symonds (QS)

Најголемата база за рангирање на универзитети во светот, светско рангирање на универзитети Quacquarelli Symonds (QS) , го рангира Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), втор во Северна Македонија и прв меѓу албанските универзитети во регионов.

За време на рангирањето на универзитетите, беа земени предвид девет критериуми, вклучително на: академската репутација, репутацијата од работодавачи, соодносот факултет / студент, цитати по факултет, сооднос на меѓународен факултет, сооднос на меѓународен студент, меѓународна мрежа за истражување, веб-влијание и институционално онлајн присуство и цитати на научни трудови на вработените од други истражувачи ширум светот.

Универзитетот на Југоисточна Европа е оценет прилично високо во сите овие критериуми, особено во бројот на меѓународни студенти, меѓународен кадар и кадар со доктори на науки, каде што е оценет со 100 поени. Универзитетот е исто така високо оценет во однос на цитирањата на научни трудови на академскиот кадар од научници и истражувачи ширум светот, со 84,6 поени, што го рангира на 41. место во регионот на Југоисточна Европа.

Во регионалното рангирање на рангирањето на светски универзитети QS, вклучени се 400 најдобри универзитети од земјите на Централна, Југоисточна и Источна Европа.

Универзитетот на Југоисточна Европа има многу добра репутација на сите рангирања организирани од разни меѓународни организации, но и на државно ниво.

Линкот на рангирањето: https://www.topuniversities.com/university-rankings/eeca-rankings/2021

Google+