COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа церемонија на дипломирање на седумнаесеттата генерација апсолвенти на УЈИЕ

На Универзитетот на Југоисточна Европа, денес (12.06.2021 год.), се одржа седумнаесеттата по ред церемонија на дипломирање. На настанот присуствуваа претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, министерката за образование и наука, Мила Царовска, министерот за финансии, Фатмир Бесими и амбасадорот на Словенија, Милан Предан, како и многумина родители и семејства. Дипломираните студенти од УЈИЕ фрлаа капи симболично за да го означат завршувањето на првиот циклус на студии.

Ректорот на Универзитетот во Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, го изрази своето задоволство за досегашните достигнувања на апсолвентите, ценејќи ги како најмоќниот социјален, професионален и интелектуален капитал со кој оваа институција придонесува интелектуално во нашето општество. Тој рече дека нема друг сопствен проект , за овие три децении социјална, политичка и економска транзиција, како УЈИЕ што придонесе толку многу за секого поединечно, за вашите семејства и за општеството воопшто. Тој оцени дека овој придонес, покрај жртвите на родителите, првенствено е посветен на меѓународната заедница, но и на сите структури од времето што учествуваа во создавањето на оваа институција.

„Вашата диплома претставува најсигурен пасош за западниот пазар за да продолжи со академски и професионален развој, но и да го примени на пазарот на трудот. Јас разбирам, но не ја оправдувам вашата претпочитаност по секоја цена да одите на Запад! За оние кои знаат и сакаат, бидете сигурни дека дури и тука можете да заработите и да живеете добро. Ова, уште повеќе, во годините што доаѓаат. „Денес, ние сме членка на НАТО и со статус на преговори за ЕУ, што е добра перспектива и можност, но и предизвик за сè поквалитетна конкуренција, каде што знаењето и компетенциите ќе бидат клучот за успехот во кариерата“, рече тој меѓу другото во своето обраќање пред апсолвентите, ректорот Беџети.

Претседателот на Одборот на УЈИЕ, проф. д-р Клаус Тотерман, кој учествуваше на Церемонијата он-лајн, во својот говор пред апсолвентите ја пофали нивната ангажираност и посветеноста на студиите.

„Денешниов ден е многу важен во вашиот живот. Денес се зборува за вас и за вашата иднина. Значаен дел од нашата иднина ќе се обликува со дигитализацијата. Повеќе од кога било досега, потребни се дигитални вештини за управување со нашата секојдневна работа и живот. Како многу иновативен универзитет, УЈИЕ ја препозна оваа промена и одговори со нудење нови студиски програми со силен фокус на дигиталните вештини. Тука повторно треба да им се заблагодариме на сите наши донатори и на Владата за поддршката.“, рече претседателот на Одборот , Тотерман.

Свое обраќање имаше и претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, кој го пофали УЈИЕ како институција со интелектуален и научен капацитет да се соочи со најтешките предизвици на ова време.

„Подготвени сте, опремени со знаење и компетенции со кои се споредуваат успешните студенти, да се соочите со животот, со предизвиците што ги носи животот и новите и непознати работи со кои ќе се соочите во вашиот професионален живот“, истакна во својот говор, Претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, рече дека одговорноста на студентите кон универзитетот не завршува тука и на денешен ден. Тие треба да се враќаат кај него повторно и повторно и да одговорат на секое негово барање. Едноставно, универзитетот треба да расте со сегашните студенти, но и со веќе дипломираните студенти, односно алумните.

Заедничката цел на високообразовните и на институциите на системот е креирање на образовни политики и стимулирање на развојот на младите и остварување на нивниот целосен потенцијал.“, им порача министерката Царовска на апсолвентите на УЈИЕ.

За време на церемонијата беа промовирани најдобрите студенти од генерацијата, а во нивно име зборуваа најдобрите студентки Мелике Исенова и Неда Јосифовска.

Овој ден докажува дека сме способни да ги оствариме сите наши цели и никој не може да не спречи да ги оствариме нашите соништа“, рече Неда Јосифовска, дипломирана на Факултетот за јазици, култури и комуникација.

За уметничката страна на Церемонијата се погрижија уметниците Нита Речи, Вулнет Незири и Арбер Таири, кои специјално за овој ден подготвија двњ уметнички точки кои беа дочекани со возбуда од апсолвентите.

По завршувањето на церемонијата се одржа традиционалната манифестација „Отворен ден“, на која потенцијалните ученици, родители и други заинтересирани лица имаа можност да се запознаат со академската понуда на УЈИЕ за новата академска година 2021-22 година.

Одделот за спорт и Студентското собрание се погрижија за уметничкиот и спортскиот дел на „Отворениот ден“.

Кликнете на следниов линк за Фото Галерија.

Google+