Демуш Бајрами рече дека оваа студија ја открива реалноста на времето. Според него, во меѓународната комуникација, поимот дипломатија е во употреба (во XVII век), токму во ерата на познатиот француски државник, кардинал Ришелје, кој меѓу 1624 и 1642 година, беше премиер и вистински лидер на Франција (покрај номиналниот монарх Луј XIV). Во текот на сите овие векови, Raison d’Etat и самата дипломатија на Решилје станаа водич на европската дипломатија, и фактот дека Решилје беше кардинал не го спречи да продолжи во напорите на создавањето на доктрината нација-држава. Неговата доктрина ги претставуваше стратешките и геополитички интереси на државата. Ришелјевиот концепт на опстанокот на државата беше користен на најсоодветен начин како замена за средновековниот концепт на универзални морални вредности. Во својот говор, уредникот на книгата, Арсим Синани, ја истакна важноста на оваа книга во разбирањето на концептот на државата и нацијата. Проф. Алајдин Демири преку еден аналитички преглед на минатото ги спореди Ришелје и денешните геополитички околности во Западен Балкан, особено ставајќи го акцентот на политичката актуелност во Македонија.
Aвторот на книгата ,,Франција и француската дипломатија во периодот Ришелје, доктрината Raison d`Etat и нација-држава”, Ардиан Рамадани рече дека во книгата се анализира основањето и улогата на француската држава во меѓународните односи и воведувањето на концептот нација-држава во меѓународните односи, како подолговечен концепт во меѓународните односи. Во книгата има многу важни информации за француската геополитика, за креирањето и поддршката на политиката на државниците и политичарите од Франција до идејата на еден истакнат лидер како Ришелје, кој за доброто на националните интереси иако беше католички принц, ја одвои државата од религијата. Важноста на оваа книга е во информирањето за тоа дека модерната европска дипломатија почнува со договорот, или Вестфалискиот мир кој беше инициран од идеите и доктрината на Raison d`Etat и Ришелје.
Се промовираше книгата на Ардиан Рамадани: "Франција и француската дипломатија во периодот Ришелје, доктрината Raison d`Etat и нација-држава”
25 декември 2009На 24.12.2009 година, во библиотеката на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово беше промовирана книгата на м-р Ардиан Рамадани: ,,Франција и француската дипломатија во периодот Ришелје, доктрината Raison d`Etat и нација-држава”.
Повеќе вести
- Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) меѓу клучните партнери на ОН во иницијативата SustainEd
- Се одржа прес-конференција на крајот од годината: Садудин Ибраими го истакна со одржлив раст и јасна визија за иднината на УЈИЕ
- Албанскиот амбасадор Денион Меидани одржа предавање на УЈИЕ за албанската дипломатија и европската интеграција
- Aмбасадорката на Израел во посета Универзитетот на Југоисточна Европа
- Избран нов претседател на Студентското собрание и студентската асоцијација на УЈИЕ
- Претставници на меѓународните училишта МААРИФ на работен состанок на УЈИЕ
- Беше одржан Форумот ЕКОНЛИT 2025 на УЈИЕ во Скопје