Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Излезе од печат книгата „Социолошки речник“ на авторот Али Пајазити

            Овие денови излезе од печат  книгата „Социолошки речник“  од авторот  вонреден професор  Али Пајазити во издание на  ЈИЕУ и Издавачката куќа „Логос  А“. Книгата е претставува прв речник за социологија на албански јазик.

Во речникот се дадени основни информации за секој социолошки концепт. Речникот ги објаснува и илустрира разните варијации на зборови или дадениот социолошки концепт со референции од одреден автор. Тој ги толкува разните варијации и нивната употреба. Авторот не е фокусиран само на неколку социолошки концепти, туку се придржува до принципот, со кој Џон Скот и Гордон Маршал автори на “Oxford Dictionary of Sociology” (2005),  во воведот кажуваат:„Социологијата има едно јасно теоретско јадро, но и еден крајно неодреден периметар“.

      „Социолошки речник“ е дело кое одговара  на широк социолошки периметар и  како секоја наука е во постојан развој. Овој речник не им служи само на социолозите, студентите по социологија или на тие што се заинтересирани за оваа наука, туку  служи и на сите кои се заинтересирани и за  другите науки кои се поврзани со социологијата. Тука може да се најдат и зборовите кои имаат широка употреба  како и основните концепти на политичките науки, на психологијата, историјата, антропологијата и др.
Google+