Само во текот на 2020 година, УЈИЕ донираше вкупно 46 компјутери Дел, 5 принтери и проектор за основните и средните училишта во Општина Желино, Општина Брвеница, Општина Гостивар и Општина Боговиње. Во текот на изминатите години, УЈИЕ донираше компјутери и ИТ опрема и на Општина Куманово, на град Скопје, Струга и на други училишта во Република Северна Македонија.
Покрај ИТ опрема, во текот на оваа година, Универзитетот на Југоисточна Европа на Организацијата на Црвен крст на Северна Македонија во Скопје и донираше Jeep Compass 2.2 CDR Sport 4X2, кој досега беше користен во рамките на проектот УСАИД и ЛКМФ за деца со оштетен вид.
Како дел од својата мисија за придонес и социјално влијание, Универзитетот на Југоисточна Европа годинава донираше опрема во вредност од над 100 илјади евра на неколку основни училишта во Република Северна Македонија. Опремата е обезбедена од УСАИД и ЛКИМ, во рамките на проектот „Подобрување на видот на децата со пречки во видот“.