Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Универзитетот на Југоисточна Европа и Школата „Нетинг“ – доботници на грант за професионална обука на деловните субјекти и меѓународните институции

Neting school во партнерство со Универзитетот на Југоисточна Европа е добитник на грантот на Фондот за иновации и технолошки развој во Северна Македонија за имплементација на проектот за професионлна обука за бизниси, институции и други заинтересирани почнувајќи од ОАЕ, односно двата града: Дубаи и Абу Даби.

Во рамките на проектот, се очекува реализирање на онлајн платформа за курсеви, реализација на анкетирање, тестирања, менторство и онлајн плаќања. Истотака, се предвидува ангажирање на 200 професионалци спремни за реализација на 300 обуки. Преку овој проект се предвидува подготовка на простор за обуки и за продажба преку интернет, спроведување на истражување на пазарот во наведените земји, отворање на една канцеларија во Дубаи (ОАЕ), реализација на разни маркетинг кампањи, онлајн кампањи и слични други активности.

Универзитетот на Југоисточна Европа ќе овозможи учество на академскиот кадар во организирање обуки и ќе обезбеди онлајн капацитети за обука и административен кадар за координирање на активностите. Исто така се предвидува и организација на семинари и разни образовни и истражувачки активности, со што УЈИЕ, преку стручниот кадар ќе придонесе за имплементација на проектот. Се очекува со помош на експертите од УЈИЕ и искусни експерти од компаниите, да се нудат специфични и иновативни обуки базирани на персонализирани резултати и задачи кои ќе се развиваат во неколку фази. Проектот ќе трае две години.

Google+