„За првпат во проект е вклучен студент на магистерски студии на УЈИЕ, кој е на практикантска работа во Институтот. Тој ќе има можност да аплицира и експериментира со различните проекти што ќе ги има за време на магистерските студии за безжични уреди, или на професионалните кои ги овозможува проектот“ истакна Менан Селими, шеф на истражувачката група на Институтот.
Целта на институтот „Макс ван дер Штул“ е да вклучи што е можно повеќе студенти во проекти, особено во магистерски и докторски студии.
Темата на проектот се осврнува на проблемот со платните системи, користејќи ја технологијата Blockchain како посредник (како замена за банките). Всушност, системот што е предложен (и кој е имплементиран), сега треба да се тестира на вистински (безжични) уреди во Антверп, Белгија.
Проектот започнува во декември оваа година и ќе заврши во јуни 2021 година.
