COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

19.годишнина на УЈИЕ

19.годишнина на УЈИЕ

Во согласност со мерките и препораките дадени од државните здравствени власти, Универзитетот на Југоисточна Европа, оваа година онлајн ќе ја одбележи 19.годишнината од основањето. Денес нема да се одржи традиционалната програма која секоја година се одржува за одбележување на годишнината од основањето на Универзитетот. Сепак, прославата на годишнината се забележува во сите наши активности иако со намалена физичка присутност, но со празнична енергија во онлајн формат.

За историјата и симболиката на годишнината од основањето на Универзитетот и за тековните настани на Универзитетот, може да ја проследите Видео пораката на ректорот, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети упатена до студентите, до вработените, до стејкхолдерите и до пошироката јавност.

Во прилог е и промотивното видео подготвено од Канцеларијата за маркетинг и промоција, специјално за 19.годишнината од основањето на УЈИЕ.

Универзитетот веќе е во втората година од полнолетството и ние продолжуваме да пренесуваме квалитетно знаење кое секојдневно се потврдува од успесите на нашите алумни.

Среќна годишнина и понатамошни успеси!

Google+