Во текот на овие 4 дена беа презентирани скоро 350 трудови од различни области на миграција и беа организирани 2 пленарни сесии и тркалезна маса.
Експертите од областа на миграцијата се осврнаа на различни аспекти на овој феномен, презентирајќи истражувања, модели за решавање на овој проблем и презентираа конкретни резултати поврзани со оваа чувствителна глобална сфера.
Вработените од Факултетот за современи општествени науки, деканот проф. д-р Мемет Мемети, и ко-претседавачот на оваа конференција, проф. д-р Мерита Зулфиу-Алили, постојано придонесуваа за напредокот на овој академски настан.
Конференциите за миграција започнаа во Риџент центарот за транснационални студии во 2012 година, кога се одржа првата голема меѓународна конференција со меѓуколегијална рецензија, со фокус на миграцијата на Турците во Европа, во кампусот на Риџентс паркот во Риџентс Универзитетот во Лондон. На претходните конференции учествуваа 200 до 600 учесници од целиот свет во Лондон (2012), Лондон (2014), Прага (2015), Виена (2016), Атина (2017), Лисабон (2018) и Бари (2019).
