Новите членови на Одборот од меѓународната заедница се: Клаус Тохтерман, од Универзитетот во Киел, Германија и Џон Париш Спроул, од Универзитетот во Индијана - ИУПУИ, САД. Од Сенатот на Универзитетот нови членови се: проф д-р Вероника Карева, проф. д-р Вели Креци и проф. д-р Висар Шеху. Членови од локалната заедница се: д-р Елена Думова и г. Неби Хоџа.
За нов претседател на Одборот е избран проф. д-р Клаус Тохтерман, додека проф. д-р Вели Креци е избран за потпретседател.
На овој состанок, Одборот ги избра и своите работни тела, како што се Извршниот комитет и Комитетот за ревизија и управување со ризици.
Мандатот на новите членови на Одборот е четири години и ќе заврши во август 2024 година.
