„Мојот избор значи подобра позиција на младите на меѓународната сцена и многу посилен глас на претставниците на младината од она што беше досега“, рече Алберие Џемаили.
Албрие Џемаили е алумни на Универзитетот на Југоисточна Европа на додипломски студии, а тековно е студент на магистерски студии за дипломатија.
Платформата на млади Европски амбасадори (МЕА) претставува креативна мрежа на идни млади лидери, кои се очекува да имаат големо влијание врз развојот на настаните во регионот на Западен Балкан.
