COVID-19 Information

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Универзитетот на Југоисточна Европа основа Младински ресурсен центар за целиот Полошки регион во Гостивар

Универзитетот на Југоисточна Европа преку проект финансиран од Швајцарската агенција за соработка и развој и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Општина Гостивар, основа Младински ресурсен центар (МРЦ) во Гостивар за целиот Полошки регион.

Мисијата на центарот ќе биде да се создадат можности за младите преку обезбедување обука, поддршка во барање вработување и преку создавање целосно нова мрежа на младите и на работодавците. Центарот ќе биде иновативен центар со иновативни наставни планови за обука кои ќе ги поддржуваат младите на работните места во иднина, особено во ИТ секторот, истовремено поддржувајќи го развојот на startup бизнисите.

Младинскиот ресурсен центар ќе се отвори во септември 2020 година во голем и неодамна реновиран простор во кој има приватни канцеларии, заеднички простор, места за рекреација и е поддржан со висока технологија. Рекреацијата исто така ќе биде важен дел од Центарот. Како дополнителен поттик за членство се просторијата за игри, киното (амфитеатарот), фитнес салата и огромната градина кои ќе бидат на располагање на членовите за разни рекреативни активности. Основниот кадар на МРЦ веќе работи во просториите на Кампусот на УЈИЕ.

Google+