Во петокот (12. јуни), Универзитетот на Југоисточна Европа, донираше на Организацијата на Црвениот крст на Македонија во Скопје, автомобил Џип Компас 2.2 ЦДР Спорт 4X2, кој досега се користеше во рамките на Проектот на УСАИД и Лајонс клуб за децата со пречки во видот. Црвениот крст е локален партнер на проектот, кој ќе продолжи со активностите за завршување на проектот. Универзитетот на Југоисточна Европа целата опрема што се користи досега во рамките на проектот планира да ја донира до институциите што служат на заедницата, како што се училиштата, клиниките и сл.
Универзитетот на Југоисточна Европа продолжува да гради успешно партнерство со УСАИД, преку истражување на други можности за соработка со оваа важна партнерска организација на Универзитетот во спроведување на многу проекти, како што беше во минатото така ќе продолжи и во иднина.
