Учесници на оваа конференција беа студенти од вториот и од третиот циклус на магистерски и на докторски студии, кои ја претставија својата работа со интересни и актуелни теми од областа на кривичното право, граѓанското право, уставното и административното право, меѓународно право и во областа на безбедносните студии.
Реализацијата на ваква студентска конференција веќе стана годишна традиција на Правниот факултет и раководителите на овој факултет велат дека оваа конференција е од особено значење за студентите од вториот и од третиот циклус за нивната понатамошна научна работа.
Координатор на годинашната конференција беше доц. д-р Блертон Синани.
