Проектот CEnTOUR (циркуларна економија во туризмот) спроведува шема на градење капацитети и поддршка за малите и средни претпријатија од туристичкиот сектор во 5 европски и COSME земји - Италија, Шпанија, Северна Македонија, Молдавија и Грција. Проектот ќе доведе до тоа претпријатијата да достигнат различни нивоа на циркуларни економии во иновациите во рамките на перспективата на системот за транзиција, преку решенија кои се делумно наменети за малите и средните претпријатија (МСП), но исто така ќе се обидат да го надминат единственото системско ниво на МСП, особено преку реверзен синџир на набавки и симбиоза. Ова ќе им помогне на малите и средните претпријатија да развијат ефективен маркетинг и промотивни способности кои што ќе влијаат врз нивниот фактор на одржливост.
Почетокот на проектот е планиран на 16 септември 2020 година, а оперативните активности ќе бидат спроведени во наредните 3 години. Вкупниот буџет на проектот е 1,329,404 евра.
БИЦ го доби грантот за пректот од ЕУ COSME: CEnTOUR
6 мај 2020Бизнис иновејшен центарот (БИЦ) и партнерите го добија грантот од ЕУ за Проектот COSME: CEnTOUR, кој има за цел зајакнување на одржлив развој на туризмот и градење на капацитетите на малите и средните претпријатија, преку транснационална соработка и трансфер на знаење.
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics