„Денес ние како Студентско собрание од УЈИЕ сме во Центарот на градот и дистрибуираме маски и ракавици. Истовремено, оваа активност се спроведува и во Скопје. Нашата порака до граѓаните на РСМ е да ги почитуваат новите мерки на Владата на РСМ, додека на студентите им предлагаме да останат дома и да присуствуваат на он-лајн предавањата, како што започнавме уште од вториот ден на оваа пандемија и сега ќе имаме можност да ги полагаме испитите он-лајн “- рече Агрон Демири, претседател на Студентското собрание во УЈИЕ.
Универзитетот наЈугоисточна Европа, одпочетокот на опасноста од ширење на корона- вирусот , ги презеде сите мерки за да ги заштити студентите и вработените, но без да го загрози наставниот процес. Имајќи искуство во далечинко учење, академскиот кадари студентите веднаш се прилагодија и на овој начин.
Покрај масовното учество во далечинското учење, Студентското собрание и Студентската асоцијација се приклучија во поддршка на глобалната кампања за подигање на свеста на населението да остане дома во оваа вонредна состојба. Тие, преку креативно фотографирање, ја пренесуваат пораката зошто е важно да се остане дома за да се спречи ширењето на корона- вирусот.
