COVID-19 Information

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Он-лајн наставата во УЈИЕ е сеопфатна и со апликации развиени од самата институција

Универзитетот на Југоисточна Европа е првиот во земјата и меѓу првите во регионот што ги користи и создава платформите за он-лајн настава. Со оглед на мерките преземени од Владата за заштита од опасностите од ширењето на корона вирусот, Универзитетот на Југоисточна Европа ги активираше сите механизми за наставата да биде сеопфатна и инклузивна.

„Присуството настудентите во наставата преку Интернет е многу високо. Во првите денови имавме повеќе од 2/3 од вкупниот број на студенти кои беа редовно присутни, а понатаму секојдневно процентот се зголемува и со продолжување на овој модел се очекува да имаме целосна вклученост. Спроведувањето на он-лајн наставата е комплексен процес, потребна еопрема, капацитет на интернет, ИТ поддршка и обука. Ова е двонасочен процес, каде студентите и професорите спроведуваат синхронизирани виртуелни активности со видео комуникација, но и со прикачување материјали, евалуација и оценување“, вели ректорот Проф. Д-р Абдилменаф Беџети.

Тековно има 497 активни виртуелни училници, односно онлајн предмети по семестар. Од друга страна, во УЈИЕ веќе подолго време Е-мејлот се смета за официјален документ и за академскиот и за административниот кадар.

„Од самото основање на Универзитетот, материјалите за задолжителните предмети беа достапни он-лајн преку комерцијални или системи за управување со предметите развиени од самата институција, како што се Angel и Libri“ истакна проректорот за академско планирање и дигитализација, проф. д-р Владимир Радевски.

Од 2015 година, Универзитетот усвои нов стандард на систем за управување на академските предмети, со 28 експериментални предмети, а во моментот истиот е во целосна употребана сите акредитирани предмети.Покрај комуникацијата овозможуваме креирање форуми за дебати, апликации за оценување преку квизовии автоматскоуправување со задачи и проекти.За УЈИЕ преминување на онлајн предавања беше само еден степен плус во интеракцијата со студентите со помош на информатичките технологии.

Од друга страна Cloud услугите што се користат на Универзитетот се официјални електронски складишта за канцеларии со поголем обем на документи – како што е Канцеларијата за Академско планирање. Универзитетската библиотека обезбедува пристап до електронски бази на податоци со ресурси поврзани со академските области од интерес на Универзитетот.

„Користејќи ги овие системи, ние спроведуваме и активности за повратни информации и мислења од студентите за студенти кои само во последниот семестар имаат направено 4.938 евалуации, имено преку процесот за „Евалуација од студентите“, вели проректорот, проф.Радевски.

Транзицијата кон синхронизирана он-лајн настава се реализираше само неколку часа по одлуката на Владата да се престане со класичните предавања и формализирање на платформата за онлајн предавања. Материјалите и презентациите беа веќе подготвени за секој предмет како предуслов за работните обврски на УЈИЕ. Дигитализацијата на наставниот процес и како поддршка на процесите во академската заедница е еден од приоритетите на УЈИЕ и за таа цел, од 2018 година, еден од проректорите е именуван и за дигитализацијата на институцијата и академскиот процес.

Google+