Ректорот акад. проф.д-р Абдилменаф Беџети истакна дека е изненаден од посветеноста што ја покажаа академкиот кадар и студентите вклучувајќи се во он-лајн платфрмата во овие вонредни услови.
Членовите на Ректорскиот извршен тим, почитувајќи ја оддалеченоста, активно учествуваа во сите точки на кои се дискутираше на оваа средба, каде беа дадени препораки во врска со наставниот процес и функционирањето на Универзитетот во услови на преземените мерки од Владата, но и од самиот Универзитет за справување со ефектите од корона вирусот.
Со затегнување на мерките во борбата против опасностите од корона вирусот, Универзитетот на Југоисточна Европа го намали на минимум физичкото присуство на вработените, со само неколку основни услуги во форма на шалтер, додека остатокот од вработените работат на он-лајн платформа.
Следните состаноци на Ректорскиот извршен тим ќе продолжат он-лајн, како и работењето на раководниот кадар сè додека не се создадат нормални услови за работа.
