Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

По прекинот на наставата поради корона вирусот УЈИЕ го спроведува целиот наставен процес он-лајн

Универзитетот на Југоисточна Европа во рамките на мерките преземени од Владата за прекинување на класичното предавање на универзитетите од 11. март целосно го пренесе процесот на предавање и учење на он-лајн платформа.

За наставата од дистанца се користи платформата Гугл училница и професорите контактираат со секој студент преку овој систем, каде се отвора мрежна врска и се следат предавањата.

„Ние како Универзитет веќе имаме искуство во оваа област на образование од дистанца и сме лидер во он-лајн образованието“, вели Адриан Бесими, декан на Факултетот за современи науки и технологии.

Студентите соработуваат и се оспосебени, бидејќи дури и под нормални услови, некои од предавањата на Универзитетот се реализираат он-лајн.

Преку Гугл состаноци се креираат виртуелни часови, каде студентите слушаат предавања, прикачуваат свои трудови и домашни работи и истовремено ги симнуваат материјалите што ги предава предметниот професор.

Во насока на преземените мерки за да се спречи ширењето на корона вирусот, сите факултети на УЈИЕ 14 дена ќе одржуваат предавања од дистанца, а студентите освен физичкото присуство и социјалното влијание не пропуштаат ништо од часовите.

Google+