Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети, му честиташе Дебатниот клуб за оваа иницијатива, охрабрувајќи ги студентите да бидат повеќе вклучени во дебати за работишто се однесуваат на сегашноста, но и за нивната иднина. Овие теми од витално значење ги надминуваат партиските рамки и дневните политички разлики.
„Повеќето млади емигрираат не само заради економските услови, туку затоа што сакаат одржлив и здрав екосистем, подобар здравствен систем, подобри јавни услуги и поеднаков третман“, истакна ректорот Беџети.
Претседателите на младинските политички форуми на политичките партии презентираа делови од политичките програми за тоа како имаат намера да ја спречат миграцијата на младите луѓе од земјава.
Студентите и претставниците на политичките партии одржаа дебата, каде студентите ги презентираа своите мислења, но исто така поставуваа прашања за тоа како да се реши проблемот со миграцијата на младите.
Дебатниот клуб предводен од Анила Пајазити и претседателот на Студентското собрание и студентската асоцијација, Агрон Демири беа иницијаторите за организирање на оваа дебата со младинските форуми, со цел на студентите на УЈИЕ да се соочат со мислењето на младите вклучени во политиката.
