Насир Селими е професор на Факултетот за бизнис и економија на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, од 2002 година. Своето образование го заврши во родниот град и во Приштина. Тој ја започна својата професионална кариера како економист во деловниот сектор. Во 2003 година тој беше назначен за Продекан за академски работи на Факултетот за бизнис и администрација на УЈИЕ, а од 2004 до 2008 година беше Декан на истиот Факултет. Во периодот 2018-2020 година беше член на Одборот на Универзитетот. Проф. Селими има објавено голем број научни трудови во научни списанија на странски и на мајчин јазик како и неколку универзитетски книги и учебници од областа на економијата и меѓународната економија.
Сенатот е главниот орган за академските работи на Универзитетот.
