На последното рангирање на меѓународната веб-страница webometrics.info, Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) се наоѓа на второто место меѓу албанските универзитети во регионов и на третото меѓу сите универзитети во Република Северна Македонија.
„Нашиов Универзитет секоја година ги подобрува своите перформанси иако има ограничени квантитативни параметри. Ние сме рангирани меѓу најдобрите универзитети и покрај тоа што многу од овие универзитети имаат подолга традиција и поголем број на факултети “, вели ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.
Споредено со периодот од 2019 година, УЈИЕ бележи пораст од 286 места на глобално ниво и сега е рангиран на 3931 место, додека минатата година беше на 4217 место.
Универзитетот на Југоисточна Европа, заснован на академската перформанса во наставата, научно - истражувачката работа бележи значителен пораст на светските и на регионалните ранг-листа кои ги рангираат универзитетите врз основа на нивните перформанси.