На овој конкурс, втората награда и припадна на Шпреса Изаири Бафтијари, исто така магистрант на Универзитетот на Југоисточна Европа. Оваа награда Шпреса ја подели со Горан Христов (асистент) на Економскиот факултет - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Зекије Азизи и Шпреса Изаири Бафтијари имаат завршено магистерски студии по бизнис и економија во 2019 година.
Добитниците на наградите ќе присуствуваат на бесплатната обука „Инвестициско советување“ која се нуди од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија.
Ментор на кандидатите од УЈИЕ беше проф. д-р Јетон Мазлами, кој изрази задоволство од успехот на магистрантите и истакна дека ова уште еднаш го докажува квалитетот и професионалноста на нашиот универзитетски кадар.
