Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студентите од ЈИЕУ учествуваа на меѓународен проект со студенти од Универзитетот George Mason во Фаирфакс, Вирџинија, САД

Студентите од студиската програма по Комуникациски науки кои го следат предметот Англиски  јазик за комуникациски науки (English for Specific Purposes, ESP 1) учествуваа во заеднички проект со студентите од  George Mason Универзитетот во Фаирфакс, Вирџинија, САД. Американските студенти го следеа предметот NCLC 249 – Internet Literacy со професорката Кристин Скот. Целта на овој пројект беше да им се овозмози на студентите од ЈИЕУ да ги подобрат вештините на совладување на англискиот јазик но во исто време да можат да научат за другите култури. NCLC 249 беше група составена од меѓународни студенти кои доаѓаaт од повеќе земји од светот. 

Комуникациските науки се мултидимензионални и можат да се студираат од различни научни аспекти. Студентите ја искористија оваа прилика да се запознаат со еден важен научен аспект а тоа е постоењето и почитувањето на различностите како основа за разбирање помеѓу луѓето за успех во секоја сфера во животот. 

Студентите ја употребија социјалната мрежа Facebook како интерактивен интернет медиум за период од четири недели. Проектот заврши со взаемна интернет телеконференција на 19 ноември, 2009 година. И двете групи изразија задоволство  поради можноста да научат за другите култури.  Технологијата и интернетот беа ставени во употреба за постигнување на академските цели.

После телеконференцијата, Аријан Сулејмани, ЕСП студент од ЈИЕУ рече: ”Ова беше едно огромно искуство лично за мене затоа што имав можност да комуницирам  со студенти од едно место кое што никогаш не сум го посетил, а исто така имав можност да ја употребам модерната технологија која и нашиот Универзитет  ни  ја  овозможува. Студентката Елена Павлевска рече: “Ова беше добра можност  да  размениме информации за нашиот Универзитет, за нас, нашите култури, а исто така и прилика да го усовршиме англискиот јазик. Ова беше шанса плус за нас студентите да  стекнеме нови меѓународни пријатели и да ги отвориме нашите хоризонти.”

Артан Лимани, професор по предметот ЕСП 1, изјави дека ќе продолжи да ги вклучи неговите студенти во меѓународни проекти затоа што е убеден дека на ваков начин на студентите би им  се  овозможилo да се здобијат со можности за меѓународни кариери.

Google+