Во трката за претседател имаше двајца кандидати, Агрон Демири и Арјон Фејзулаху. Кандидатот Агрон Демири освои мнозинство гласови и доверба од членовите на собранието.
„Денес студентите ми ја доверија функцијата претседател на Студентското собрание и асоцијација во УЈИЕ. Како што ветив, активностите на студентите ќе се зголемат и критичкиот глас на студентите повторно ќе се оживее“, рече Агрон Демири во својата прва јавна изјава.
Студентското собрание на својата прва седница ќе ги избере своите претставници во Универзитетскиот сенат ќе ја иницира постапката за отворање на повик за избор на студентски правобранител.
Агрон Демири е студент на Факултет за јазици, култури и комуникација, додека Бујар Сопа е студент на Факултетот за современи науки и технологии.
