Дебатата се фокусираше на дигитализацијата на земјата, како и на нејзината улога во професионализацијата на јавната администрација додека говорници беа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи, проф. д-р Азир Алиу, како претставник од академската заедница и Бобан Милосавлески, претставник од деловната заедница.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети во својот говор рече дека овој Универзитет е најсоодветното и симболично место за пренесување на пораката за дигитализација на земјава. Ние сме први не само во земјава, туку и во регионов во имплементацијата на дигитализацијата.
„Овој Универзитет за прв пат го спроведе електронскиот индекс, но беше и е иницијатор на многу платформи и апликации за дигитално образование“, рече ректорот Беџети.
Министерот Дамјан Манчевски ја презентираше дигиталната платформа за јавни услуги uslugi.gov.mk и ја најави целосната дигитализација на администрацијата.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, зборуваше за соработката меѓу централната и локалната власт со цел на граѓаните да им се понудат квалитетни и навремени услуги.
Дебатата на Универзитетот на Југоисточна Европа беше втора во низата јавни дебати што се очекува да се одржат во најголемите градови во земјава.
