Исто така, на конференцијата беа присутни и генералниот секретар, д-р Џеваир Мемеди, проректорката за истражување и за меѓународна соработка, проф. д-р Беса Арифи, проректорот за академски работи и дигитализација, проф. д-р Владимир Радевски, проректорот за претприемништво, проф. д-р Бесник Фетаи, раководителот на Центарот за кариера, Бурбуќе Капроли - Хамзаи и советникот на ректорот за комуникација, проф. д-р Гадаф Реџепи.
Овие бројки ја покажуваат тенденцијата за позиционирање, сегментација и диференцијација на пазарот на Универзитетот. Во однос на јазикот на студирање, албанскиот јазик продолжува да расте, исто така и англискиот, со мало зголемување додека се бележи мало намалување на македонски јазик.
Оваа година Универзитетот успеа да ги трансформира своите студии од три на четири години, според потребите на пазарот на трудот, а оваа академска година 80% од студиските програми се четиригодишни, додека само 20% се тригодишни.
Универзитетот успеа да ги привлече најдобрите матурантите од средните училишта, зголемувајќи ја својата понуда за стипендии за 40%, додека од тие што добиле стипендии по заслуги 40% се одлични и 25% за оние со успех од 5.00.
Она што најмногу не радува се бројките за вработување на дипломираните, каде што конкретните и фактичките анализи спроведени од Центарот за кариера покажуваат дека над 70% од нашите студенти успеваат да се вработат во првата година по дипломирањето, и секторот што е доминантен е услужниот сектор, потоа трговскиот сектор, а најмалку студенти се вработени во владата.
„Повеќето од дипломираните студенти се вработени во земјата и тоа 70%, додека само 12% се вработени во странство, 5% во Косово, 1% во Албанија итн. Ова го докажува значајното влијание што Универзитетот го има врз општеството “, рече ректорот Беџети.
Во однос на плановите за иднината, ректорот Беџети рече дека ќе продолжиме со хоризонталниот процес, каде што ќе ја прошириме академската понуда со нови професионални студиски програми, главно студии по технологија и тоа во форма на интердисциплинарни програми.
Предизвиците за следната година се очекува да останат исти, оние што со години се присутни во високото образование во земјата, но ние ќе продолжиме да го даваме приоритетот на квалитетот и да понудиме програми според барањата на пазарот на трудот, рече меѓудругото ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети.
