На Универзитетот на ЈИЕ, во вторникот (24 ноември 2009 год.), се промовираше книгата "Енциклопедија - реакции", во издание на дневниот весник "Koхa" од Скопје, на кој присуствуваа академици, писатели, интелектуалци, истакнати научници и студенти.
Проректорот за финансиски прашања и физички развој на Универзитетот, проф. д-р Абдулменаф Беџети во својот поздравен говор во име на ректорот на Универзитетот, рече дека ни Универзитетот не бил рамнодушен на настаните, кои следеа по објавувањето на Македонската енциклопедија. Нашиот одговор беше повеќедимензионален, почнувајќи од институционалниот одговор па се до реакциите на интелектуалните авторитети застапени на овој Универзитет. Тој нуди и поддршка (во човечки ресурси) од страна на Универзитетот, доколку тоа се бара, за објавување на една друга енциклопедија, која ќе се потпира врз основа на вистински научни факти.
Познатиот политичар и писател од Албанија, Сабри Годо, истакна дека објавувањето на оваа книга претставува "уникатно искуство во албанското новинарство". Според него, овој инцидент што се случи со енциклопедијата, е веќе затворено прашање, за тоа што оние кои ја помогнаа се повлекоа пред една силна општествена и политичка реакција на Албанците.
За академикот Али Алиу, она што најмногу загрижува во оваа енциклопедија е тенденцијата на сеењето на меѓуетничката омраза, при тоа истакнувајќи дека книгата е самоуништувачка за општеството и дека наместо омразата да исчезнува, повремено таа почнува да се продлабочува.
Академикот од Косово, Есат Ставилеци рече дека го покренал прашањето на Енциклопедијата и на ниво на Европската академија на науките. Сега институциите со сила на аргументи треба да дадат одговор на невистинитите содржини во македонската енциклопедија.
Аналитичарот и новинарот, Бранко Геровски истакна дека со оваа Енциклопедија - памфлет, македонската наука го изгуби кредибилитетот пред меѓународната јавност.
Треба да се напомене и тоа дека во оваа книга се сумирани текстовите кои се објавени во весникот "Коха", и кои се однесуваат на реакциите на аналитичарите, политичарите и разните институции во текот на објавувањето на Македонската енциклопедија.