„Јас сум дел од одделот за маркетинг кој работи во рамките на глобалниот штаб на оперативната единица „Дигитални индустрии“ во градот Нирнберг, кој е еден од основните оперативни единици на „Сименс “. Работата на оваа позиција ми нуди не само уникатна можност да научам од искуствата и знаењето на разни германски и странски експерти, туку и можност да ги применам знаењата и вештините стекнати при решавање на различни предизвици и проблеми. Справувањето со нови задачи и соработката со различни луѓе од сите земји и области ми овозможија не само да научам повеќе, туку и да се придржувам кон глобалните трендови на деловното работење и технологијата“, вели Блертон Зејнели.
Студирањето на УЈИЕ ми овозможи искуство и вештини кои беа многу важни дури и при процесот на избирање за оваа позиција. Знаењето стекнато на овој Универзитет ми помага да решам многу предизвици со кои се соочувам додека работам, применувајќи ги знаењата и методологиите што ги научив за време на студиите.
„Додипломските студии по информациски системи и менаџмент на УЈИЕ ми понудија единствена можност да развијам знаење и вештини и во управувањето и во информатичката технологија. Тврдам дека дури и покрај предизвиците на високото образование во Северна Македонија, имав привилегија да имам прекрасни професори и предавачи, од кои многумина и со меѓународно искуство, кои имаат подготовка и волја да спроведат оригинално образование на новите генерации. Од моите професори на УЈИЕ не само што имав стручни предавања, туку научив и како да се справам со предизвиците во животот и кариерата“, вели Блертон.
Тој ги продолжи магистерските студии на Универзитетот во Нирнберг (ФАУ), Германија, каде му се дава можност да го прошири своето знаење, но и да може да направи споредби бидејќи е подготвен да се соочи со предизвикот на друг универзитет.
„И покрај многуте предизвици, основата на знаење и наставните методологии стекнати од додипломските студии на УЈИЕ ми помогнаа да бидам конкурентен и успешно да ги завршам сите академски заложби досега“, рече тој.
Блертн Зејнели на сегашните и на идните студенти на УЈИЕ им порачува да работат со посветеност и дисциплина за да ги изградат своите професионални капацитети, постојано предизвикувајќи се да се здобијат со нови вештини и знаења и да соработуваат едни со други и со нивните професори. „Верувам дека предизвиците на современиот свет не можат да се надминат само од добро обучени лица, туку добро обучени тимови кои работат заедно и се посветени на заедничките цели“ истакна тој.
