Претседателката на „World Chicago“ ја презентираше „Програмата за професионално стипендирање“ што се нуди преку Амбасадата на САД (Државен оддел за труд) која се занимава со размена на професионалци за економски развој, каде што има теми како што се претприемништво, старт-ап компании, развој на бизнисот и менторство, итн.
Претставниците беа особено заинтересирани за темата Отпорност на заедницата и спречување на насилниот екстремизам, каде тие се фокусираа најмногу на темата за мултикултура за тоа како институцијата пристапува кон оваа тема, долгорочните активности на Универзитетот, плановите и стратегиите за надминување на предизвиците на културните и етничките разлики.
По средбата следуваше прошетка низ Кампусот, каде беа пречекани од претставници на стартап компании во Технолошкиот парк на УЈИЕ, а од сегашните компании на Технолошкиот парк „Inspire 11“ при УЈИЕ веќе „соработува“ со оваа професионална организација за размена во Чикаго.
