COVID-19 Information

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Посета на Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во УЈИЕ

„Надворешната политика на Франција“ беше темата на предавањето што Францускиот амбасадор во Северна Македонија, Кристијан Тимоние го одржа денес (17. декември 2019 година) пред студентите на УЈИЕ кои го имаат избрано Францускиот јазик како изборен предмет.

Амбасадорот Тимоние претходно имаше средба со проректорката за меѓународна соработка и истражување, проф. Беса Арифи и проректорот за академски работи и дигитализација проф. Владимир Радевски. Проректорката Арифи, во име на ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети го пречека амбасадорот на Универзитетот на Југоисточна Европа.

„Денешното предавање се одржува во контекст на циклусот предавања, што се одржуваат на УЈИЕ од различни амбасадори присутни во Северна Македонија и се спроведуваат во рамките на соработката што Универзитетот ја има со амбасадорите на различни земји“, рече проф. д-р Беса Арифи.

„Целта на денешното предавање е да се запознаат студентите со надворешната политика на Франција и се спроведува во рамките на нашата стратегија за враќање на францускиот јазик во Универзитетот на Југоисточна Европа “, рече амбасадорот Тимоние. Тој истакна дека францускиот јазик и Франција биле многу активни во периодот на основање на овој Универзитет и дека сега имаме за цел за враќање на истиот. Амбасадорот беше многу задоволен од присуството на студентите на предавањето, но и од значителното зголемување на студентите кои го слушаат предметот Француски јазик.

Од Северна Македонија имаме многу македонски студенти кои учат француски јазик и ги искористија можностите што ги нуди овој јазик, како и условите и стипендиите што Франција ги нуди во овој поглед. Штета е што студентите Албанци не ги користат овие можности и не го учат овој јазик, рече амбасадорот Тимоние.

Студентите изразија интерес за француската надворешна политика, која игра многу важна улога во Европската унија.

Фото галерија ->

Google+