Филмот е прикажан како дел од проекциите „Филмови кои значат“ по повод Меѓународниот ден на човековите права, организиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Северна Македонија со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија.
На филмот учествуваа студенти, претставници на Феминистичкиот клуб, претставници на Форумот на жените и универзитетскиот кадар.
По проекцијата, се одржа дискусија на темите кои се третираа во филмот и се однесуваше на родовата еднаквост, улогата на жените во општеството и човековите права. На овие теми зборуваа: проф.д-р Беса Арифи, Аделина Марку, Џане Крешова од Форумот на жените и Тања Стоименковска од Хелсиншкиот комитет.
