Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Предавањето „Клеверинга“ за прв пат во Северна Македонија

Предавањето „Клеверенга“ се одржа за прв пат во Северна Македонија денес на Универзитетот на Југоисточна Европа (28. ноември 2019 година) од проф. Пинар Олчер, од Универзитетот Леиден. Предавањето беше организирано на иницијатива на Холандската амбасада.

Д-р Пинар Олчер, рече дека предавањето „Клеверинга“ е форма на протестно предавање засновано на силни правни аргументи. Таа рече дека проф. Роберт Клеверинга, во времето на окупацијата на Холандија од Нацистичка Германија, одржа митинг во знак на протест против разрешувањето и депортацијата на неговиот колега од еврејско етничко потекло од нацистичкиот режим на окупација. Ова предавање го поддржале студенти кои одбивале да одат на часови и следствено на тоа проф. Клеверинга е уапсен неколку пати, а Универзитетот во Леиден се затвора.

Предавањето „Клеверинга“ е за моделот на правда и можноста за одбрана на секој од обвиненијата и тој/таа има право да биде информиран/а и да има доволно време да ја организира одбраната пред надлежните органи. Никој не може да биде осуден се додека не постои правосилна пресуда за неговата/нејзината вина.

Проректорката за истражување и за меѓународна соработка, проф.д-р Беса Арифи, рече дека предавањето „Клевернига“за прв пат се одржа на Универзитетот во Леиден, од проф. Роберт Клеверинга и заради важноста на дејството, силата на аргументирање и влијанието што го имаше во тоа време, продолжи да се одржува во неколку држави низ целиот свет. Таа се заблагодари на Амбасадата на Кралството Холандија за можноста овој вид на предавање да се одржи за прв пат во Северна Македонија и тоа токму во УЈИЕ.

Истото предавање, проф. Пинар Олчер, ќе го одржи во петок (29.11.2019), во УЈИЕ во Скопје, со почеток во 13:00 часот.

Google+