Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Беа презантирани резултатите од истражувањето за етичкото однесување на младите во мултикултурна средина

„Етичкото однесување на младите во мултикултурна средина“ беше темата на истражувањето, чии резултатите беа презентирани на завршната конференција што се одржа денес (27.11.2019год.), на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Проектот беше имплементиран од Институтот за истражување на УЈИЕ „Макс ван дер Штул“ и Институтот за истражување, иновации и развој и поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

На конференцијата нивните обраќања имаа: ректорот на УЈИЕ, акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети; министерот за култура г. Хисни Исмаили; претседателот на Универзитетскиот сенат и координаторот на проектот, проф. д-р Јонуз Абдулаи; директорот на Институтот МВДШ, проф.д-р Вели Креци; и директорот на канцеларијата за квалитет на УЈИЕ, проф. д-р Вероника Карева. На конференцијата беа присутни матуранти од средните училишта од Гостивар и од Тетово.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети се заблагодари на Министерството за култура на РСМ за институционалната поддршка на Универзитетот.

„Универзитетот на Југоисточна Европа е уникатен модел на мултиетничко и мултикултурно опкружување во земјава и е целосно во согласност со моделот на инклузивни општества и во тој поглед, нашиот универзитет е исто така најсоодветен модел на етичко однесување во мултикултурните општества“, рече ректорот Беџети.

„Ние сме посветени на овој модел, не од аспект на формалност, туку за содржината, бидејќи сметаме дека универзитетите се места каде што треба да се промовираат цивилизациските вредности на општеството“, истакна меѓу другото ректорот Беџети.

Министерот за култура, Хисни Исмаили, рече дека Универзитетот на Југоисточна Европа е најсериозниот едукативен и истражувачки центар каде што можат да се упатат ваквите теми.

Присуството на младите на овој настан ја докажува нивната заложба дека во иднина тие ќе бидат носители и најдобар модел на мултикултурно и мултиетничко општество“, рече министерот Исмаили.

Како претставник на Институтот МВДШ, Пајтим Тачи ги презентираше резултатите од истражувањето.

Резултатите од ова истражување покажуваат дека мнозинството од младите сметаат дека сите етникуми можат да коегзистираат во Северна Македонија и дека од 300 анкетирани 88,7% сметаат дека такво нешто е можно. Исто така, значително мнозинство од испитаниците 60,3% веруваат дека етиката влијае на делувањата на младите луѓе во мултикултурните средини.“

Фото галерија ->

Google+