Амбасадорката Галовеј беше особено заинтересирана за образовниот систем во земјата и за поддршката на институциите за Универзитетот, со оглед на перформансите и спецификите на УЈИЕ во однос на високата стапка на вработеност на студентите, функционирањето на Центарот за кариера и Технолошкиот парк и другите можности за студентите во УЈИЕ . Социјалното влијание на Универзитетот од сите аспекти останува висок приоритет како во стратегијата така и во делувањата.
Делегацијата на британската амбасада се состоеше од г-ѓа Џилијан Смит - втор секретар за политички прашања и г-дин Кренар Абази - втор службеник за проекти и политички советник.
Ректорот Беџети и делегацијата од Британската амбасада имаа прошетка низ Универзитетскиот кампус, каде амбасадорката Галовеј имаше можност да се запознае со некои од главните центри на Универзитетот, како и со инфраструктурата и капацитетите за учење.
