Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ наполни 18 години: Посветен на стандардите за квалитет, на интернационализацијата и на трајната дигитализација

Универзитетот на Југоисточна Европа во четвртокот (21. ноември 2019 година) со свечена манифестација ја одбележа 18-годишнината од основањето . На оваа годишнина беа присутни претставници на повеќе универзитети од земјава и од регионов, како што се: ректорот на Универзитетот во Приштина, проф. д-р Марјан Дема, ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, ректорот на Универзитетот „св.Кирил и Методиј“ од Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, ректорот на Универзитетот „Фан Ноли“, проф. д-р Али Јашари и ректорот на Универзитетот „св. Климент Охридски“, проф. д-р Сашо Коруновски. На настанот присуствуваше и амбасадорот на Кралството Холандија н.е Дирк Јан Коп државата татковина на основачот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Макс Ван Дер Штул.

„Ноември е важен месец во историјата на нашата заедница кога се одбележуваат важни национални празници. Денес ние ја славиме 18-годишнината од основањето на нашиот Универзитет, а утре ќе ја славиме 111-годишнината на унифицираната азбука на албански јазик. Два важни празника неизбежно меѓусебно поврзани Универзитетот како храм на високото образование и денот на азбуката како основа на националниот интелектуализам и култура“ истакна во својот говор ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.

Говорејќи за последните случувања на Универзитетот, ректорот Беџети рече дека успеавме да го запреме трендот на опаѓање на бројот на запишани студенти, кој траеше 10 години.

„Ова е втора академска година во која студиите од прва година остваруваат зголемување од 10 % на запишаните студенти, дури и над 7 % пораст од претходната година. Кумулативно, за две академски години има пораст од околу 20 %, и покрај сите надолни трендови, од наталитетот се до имиграцијата“рече ректорот Беџети.

Во своето обраќање, ректорот им се заблагодари на американските даночни обврзници за нивната поддршка преку стратешкиот партнер на универзитетот во Индијана и проектите спроведени во соработка со УСАИД.

„Културата утврдена со постојаните промени на академските програми, вклучува и промени на управувањето засновано врз принципот на комбинирање на совршеноста и важноста. Ова го поставува и текот на нашата траекторија заснована на четири столба: целокупниот квалитет, интернационализацијата, извонредноста во наставата и истражувањето и институционалниот идентитет“ забележа ректорот Беџети.

„Ние ќе го продолжиме нашето патување со посветеност кон стандардите за квалитет, флексибилноста на пазарот, мултикултурните вредности, постојаната интернационализација и дигитализација, меѓууниверзитетската соработка во државава и во странство, секогаш потпирајќи се на нашата напорна работа и се надеваме на институционална поддршка, и меѓународна и домашна“ кажа меѓу другото ректорот Беџети.

Во своето обраќање, Претседателот на Одборот, проф. д-р Денис Фарингтон се наврати на денот на основањето на Универзитетот и околностите во кои е основан и истакна дека сите вклучени во нашиот проект беа ентузијасти.

Што се однесува до иднината на Универзитетот, истакна претседателот на Одборот Денис Фарингтон „Ние не се гледаме како посебен субјект кој се натпреварува со другите институции за да успее според прецизно дефинираните национални критериуми, туку како интегрални делови на локалните екологии за учење, длабоко вградени и одговорни пред заедниците во кои служат. Верувам во тој поглед ние добро им служиме на Република Северна Македонија и на Косово и на нивните економии, како што покажуваат и успесите на нашите поранешни студенти (алумни)“.

Како дел од одбележувањето на годишнината од основањето на Универзитетот беше реализирана и промоцијата на 26 доктори на науки.

За уметничкиот дел на настанот се погрижија гудачкото трио од Скопје и хорот на Универзитетот во Тетово под диригентска палка на проф. Арификмет Џемаили.

Фото Галерија ->

Google+