Турнирот официјално го отвори претседателот на Одборот на УЈИЕ, проф. д-р Денис Фарингтон, кој изрази задоволство од учеството на екипите на овој турнир. Тој се наврати на моментот кога имаше предизвик во шаховската игра со Арбен Џафери и додаде дека не го прифати предизвикот бидејќи знаеше дека ќе изгуби.
Проф. д-р Веби Беџети зборуваше за важноста од одржувањето на овој меморијален турнир и за ликот на Арбен Џафери. Д-р Веби Беџети, рече дека покрај политиката, Арбен Џафери беше и човек кој го сакаше спортот и беше добар спортист.
Сите игри се одвиваа во празнична атмосфера, а по УЈИЕ екипата на „Еколог“ се најде на второто место, „Општина Тетово- ЈКП“ го освоија третото место и тимот составен од професори од средните училишта во Тетово го освои четвртото место.
На сите тимови кои учествуваа им беа доделени благодарници, пехари и медали.
