„Посетата на првиот администратор на УСАИД е од особено значење за нас во смисла на признание дека сме на вистинскиот пат и дека правилно работиме. Всушност, оваа посета е продолжение на претходните посети што ги имавме како работната посета од нашиот стратешки партнер, Универзитетот во Индијана посетата на амбасадорката Брнс “, рече ректорот Беџети.
Денешната посета на г. Грин за нас е во функција на проценка на институционалниот, на инфраструктурниот, на академскиот и на истражувачкиот капацитет на Универзитетот. Сметаме дека ваквата посета на високо ниво е клучна за нас во пресрет на 18-годишнината од Универзитетот, во време кога се соочуваме со регионални предизвици, како што е масовната миграција на населението и влијанието врз одржливоста во иднина.
„Во оваа насока, мислам дека сме во потрга по стратешка поддршка на САД за да ја продолжиме заедничката мисија што ја имавме од основањето во 2001 година“, рече ректорот Беџети.
За време на посетата, г. Грин и ректорот Беџети имаа прошетка низ Универзитетскиот кампус и го посетија Саемот на компании поддржани од УСАИД во Северна Македонија, кои ги изложија своите активности и производи на УЈИЕ.
