Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово на 20 ноември, 2009 година ќе ја прослави 8-годишнината од основањето , а за оваа цел се предвидени разни активности. Во рамките на тие активности е и презентацијата на досегашните успеси како и промоцијата на новата генерација доктори на науки. Исто така, со свој придонес ќе се вклучи и Студентската Унија на ЈИЕУ. Ректорот на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази, ќе одржи реферат за развојот на Универзитетот.
Универзитетот на Југоисточна Европа, започна со работа пред осум години, во есента 2001 година како резултат на макотрпното ангажирање на Високиот комесар на ОБСЕ, НЕ Макс ван дер Штул, кој предложи албанскиот јазик да се употребува и во високото образование во Република Македонија. Овој Универзитет стана првата високообразовна институција на албански јазик, акредитирана од Одборот за акредитација на Република Македонија во 2001 година. Треба да се истакне и безрезервната поддршка на меѓународната заедница – ЕУ и САД за реализацијата на идејата за основање на овој модерен Универзитет отворен за сите млади кои сакаат да студираат. Оваа поддршка беше присутна и во текот на овие 8 години.ЈИЕУ ќе ја прославува 8 - годишнината од основањето
18 ноември 2009Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics