Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Работна посета и предавање на амбасадорката Брнс: УЈИЕ е највлијателниот универзитет во Северна Македонија

„Универзитетот на Југоисточна Европа од основањето и сега има големо значење во односите меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија“, рече американската амбасадорка Кејт Мери Брнс, во своето предавање денес (6.11.2019) за студентите и за вработените на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Амбасадорката Брнс претходно имаше средба со ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и проректорите проф. д-р Беса Арифи и проф. д-р Владимир Радевски.

На брифингот, ректорот Беџети ја информираше амбасадорката на САД за напредокот на институцијата, посетите на стратешкиот партнер и за посетите следната недела од седиштето на УСАИД од Вашингтон. Други теми кои се дискутираа беа за формите и начинот за продолжување на соработката и поддршката од САД.

Од почетокот, Соединетите Американски држави продолжија тесно да соработуваат со УЈИЕ, преку директна поддршка од нашата влада, како и преку партнерствата со американските универзитети. УЈИЕ стана еден од најважните и највлијателните универзитети во земјата и неговите дипломци се меѓу најуспешните лидери во бизнисот, академијата и во јавниот сектор во цела Северна Македонија “, рече амбасадорката Брнс. „Универзитетите како УЈИЕ се клучни за напорите за реформите што се прават во Северна Македонија“, додаде амбасадорката.

Говорејќи за најновите случувања во земјава, таа им порача на студентите да не посегнуваат по материјални добра пред да заминат да размислат затоа што доаѓаат добри денови за Северна Македонија, повикувајќи ги да бидат дел од промената.

„Иднината ви припаѓа вам, а Соединетите Американски Држави ќе бидат партнер со вас и со вашата земја“, рече амбасадорката Брнс.

На крајот од предавањето, студентите поставија разни прашања за улогата на САД во регионот и за приоритетите на мандатот на американската амбасадорка во Северна Македонија.

По предавањето, амбасадорката Брнс присуствуваше на официјалното отворање на Правната клиника, која е поддржана од амбасадата на САД.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Абдулменаф Беџети се заблагодари на американските даночни обврзници, кои издвоија средства за да помогнат во реализацијата на овој проект, кој не е прв и нема да биде последен.

„Повеќето од нашиот академски кадар престојуваа во САД на студии и на обука на универзитетите партнери и тука го пренесуваат прагматичниот пристап во наставата и учењето. Ова e причината поради која студентите прават разлика и го избираат нашиов Универзитет, кој годинава бележи пораст од 10% на бројот на новозапишани студенти“ забележа ректорот Беџети.

Проректорот за меѓународна соработка и истражување, проф. д-р Беса Арифи им се заблагодари на САД и Амбасадата за сите заложби и поддршката дадени за отворање на Правната клиника. Таа, исто така, се заблагодари на вработените на Правниот факултет и на претставниците на американската амбасада, кои напорно работеа на реализацијата на проектот Правна клиника.

Деканот на Правниот факултет, проф. д-р Аднан Јашари, рече дека се чувствува многу привилегиран што денес е присутна амбасадорката на државата што постојано ни помагаше. Тој рече дека Правната клиника на УЈИЕ е прва во регионов и има за цел да се развие во центар каде што студентите ќе го практикуваат она што го учат во теоријата.

Фото Галерија ->

Google+