Изготвувањето нов договор за соработка беше главната цел на Канцеларијата за меѓународни партнерства на претставниците на Универзитетот во Индијана, Суни Фас и Чарлс Рифснајдер, кои престојуваа на Универзитетот на Југоисточна Европа оваа недела (21-25 октомври 2019 година).
Претставниците од Универзитетот во Индијана остварија средби со ректорот на УЈИЕ акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и со членовите на Ректорскиот извршен тим. Тие се состанаа и со претставниците на Институтот „Макс ван дер Штул“, со претставниците на Бизнис-центарот за иновации -иновации, Студентскиот сервис, Центарот за кариера, и на Универзитетската библиотека. Тие имаа состаноци и со поранешните студенти од Универзитетот во Индијана, кои се вработени на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Беше дискутирано за три главни теми кои ќе бидат основа на новиот договор, имено: разгледување на можноста за формирање центар за поддршка на истражувањето; формирање центар за иновации на наставните програми и интернационализација и зајакнување на капацитетите на Бизнис-центарот за иновации и на Центарот за кариера.
За време на овие состаноци, беа разменети информации за потребите на УЈИЕ во насока на интернационализација и проширување на капацитетите за истражување, како и за зајакнување на постојните капацитети за бизнис-иновации.
Се очекува да бидат преземени конкретни чекори откако претставниците од Универзитетот во Индијана ќе се вратат во САД и ќе продолжат со подготвување на конкретниот договор.
На последниот состанок, ректорот Беџети на американските колеги им врачи подароци со симболот на Универзитетот во знак на признание на нивниот личен ангажман.
