Целта на средбата беше да се истражат потребите и можностите на регионалниот пазар на Западен Балкан, дури и во контекст на програмата на Берлинскиот процес за дизајнирање и понуда на програма за извонредност во извршниот менаџмент и лидерство, за приватниот, јавниот како и за граѓанскиот сектор.
Ректорот Беџети ја извести делегацијата на Бизнис-школата Саид за можностите за меѓусебна соработка, со чекорите што ги презема Универзитетот во промовирање на лидерството и вклучување на деловната заедница не само во реализација на практиканти, туку и во дизајнирање на студиски програми и потребни профили за бизнис-заедницата.
Иницијативата на Бизнис-школата Саид има за цел да ги истражи потребите и можностите за дизајнирање програми за извршен менаџмент и лидерство во Северна Македонија и во регионот на Западен Балкан. Оваа иницијатива има за цел да го промовира лидерството меѓу деловната заедница и креаторите на политики од јавниот сектор, со цел тие да се справат со сложените предизвици за интегрирање на регионот во развиените пазари во глобализираниот свет.