Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ преку Технолошкиот парк гради модел на високообразовна институција

Технолошкиот парк на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово стана атрактивно место за дипломираните студенти и за сите они кои имаат идеи и сакаат да основаат свој бизнис.

„На почетокот започнавме со неколку мали компании, но сега интересот значително се зголеми од нашите поранешни студенти, кои ја користат оваа можност да ја развијат својата кариера“, забележуваат претставниците на Технолошкиот парк.

Тековно има над 20 стартап компании кои функционираат во рамките на Технолошкиот парк. Главно се основани или коосновани од студенти дипломирани на УЈИЕ. Технолошкиот парк, покрај овие 26 компании, во различни форми поддржува и други компании низ целата земја.

Општо, овие компании работат за странскиот пазар, со вкупно 116 вработени. Од нив 75-80% се дипломирани студенти од Универзитетот на Југоисточна Европа.

Речиси 90 % од компаниите во Технолошкиот парк се компании чии основни активности се создавање софтверски производи и развој на софтвер. Тие спроведуваат регионални и меѓународни договори, кои вклучуваат создавање различни апликации, испорака на ИТ-решенија според барањата на клиентите.

Нухи Бесими е еден од поранешните студенти на УЈИЕ кој во 2015 година заедно со друг партнер основаа своја приватна компанија од областа на софтверското инженерство „AdaptiveScale“. Денес, оваа компанија има вкупно 9 вработени и развива ИТ-производи за многу меѓународни реномирани компании, главно во САД.

Работниот систем на компаниите е поврзан со меѓународниот систем на работа. Просечната плата што вработените ја примаат е многу повисока од просекот во Македонија.

Уникатно е ангажирањето на тековните студенти во овие компании кои тука го изведуваат стажирањето и повеќето од нив добиваат и платен надоместок за ангажманот. Некои од нив имаат воспоставено и конкретни договори да бидат ангажирани како редовни вработени по завршувањето на студиите.

Центарот за кариера на Универзитетот во Југоисточна Европа, кој ги анализира трендовите на вработување на дипломираните студенти, објави многу позитивни резултати на побарувачката на пазарот за дипломирани студенти од УЈИЕ. Според податоците на овој центар, 61 % од матурантите се вработени во првата година по дипломирањето. Овој тренд се зголемува со години, а оваа година за првпат секторот во кој претежно се вработени студенти од УЈИЕ е приватниот сектор. Значителен процент се вработени во јавниот сектор, главно во административните тела и во јавните институции.

Google+