Студентите ги поздрави претседателот на Одборот, проф. д-р Денис Фарингтон, кој рече дека секогаш на почетокот на академската година на сите студенти им кажуваме дека тие го направиле најдобриот можен избор.
„ Ова е точно, затоа што имаме најквалитетни студенти кои се вработени низ целиот свет и имаме најголема стапка на вработеност на нашите дипломирани студенти“, рече меѓу другото претседателот на Одборот, проф. д-р Денис Фарингтон.
„Вашата возраст денес одговара на возраста на нашиов Универзитет. Вие сте генерација на дигитализација и избравте да студирате на најдигитализираниот универзитет во земјава и во регионов “, рече во своето поздравно обраќање ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.
„Вашата онлајн апликација, вашите информации за прием, составувањето на вашиот распоред, предавањата и целиот академски процес се до вашиот индекс, сите се електронски. Оваа година имаме најголем број стипендии, кои сочинуваат околу 40% од новите студенти. Стипендијата е статус што ве прави да се чувствувате привилегирани. Исто така, ние сме Универзитет, кој доби најголем број грантови за студенти за размена во рамките на програмата Еразмус +. Искористете ја максимално оваа единствена можност и пренесете ги меѓународните кредити на вашиот Универзитет.“
Ректорот Беџети ги повика сите студенти да ги адресираат негативните прашања, бидејќи секој од нив индивидуално е многу важен за нас.
„Мојот и-мејл и мојата врата се секогаш отворени за вас, затоа што ние сме посветени да ви ги дадеме најдобрите услуги и да ви ги обезбедиме сите можности“, рече ректорот Беџети, кој на студентите од прва година на овој Универзитет им посака да се чувствуваат како дома.
Претседателот на Студентското собрание и асоцијација, Арјон Фејзулаи, им рече на студентите од прва година дека од овој ден почнуваат да ги градат своите професионални и животни можности.
„Но, ние студентите од УЈИЕ сметаме дека ни е полесно, бидејќи сите вработени тука се во наша служба и ние сме едно големо семејство – Семејството на УЈИЕ“, рече меѓудругото Фејзулаи.
По церемонијата, сите студенти продолжија со предавања и други активности предвидени во рамките на наставниот процес.
