Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ

„Направи разлика: промени се самиот за да ги промениш другите“, беше клучна тема на традиционалната обука на Универзитетот во Југоисточна Европа, што се одржа во четврток и петок (12 и 13 септември 2019 година), во Тетово.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа - акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети одржа централана презентација за тековните трендови, предизвиците и идните чекори.

„Сакам да ви кажам добра вест денес, имаме солидна перформанса како универзитет благодарение на работата на секој вработен од највисок до најнизок ранг. Имаме многу позитивен тренд на уписот на нови студенти и споредено со минатата година ова зголемување е за 10% повеќе пријавени кандидати. Ова покажува дека на пазарот се прави разлика и се избираат нашите студенти“, истакна ректорот Беџети.

Во оваа презентација, ректорот Беџети истакна некои од клучните столбови, кои ќе бидат во фокусот за натамошниот развој на Универзитетот, со тоа што ги замоли сите вработени да дадат се од себе и не само да ги задржат овие трендови, туку да докажат дека Универзитетот е додадена вредност за општеството, заедницата и дека нашите студенти и вработените се главните засегнати страни и гаранти на овој мерлив успех.

Проректорот за академско планирање и дигитализација - проф. д-р Владимир Радевски ги претстави приоритетите и областите за подобрување на академската содржина и испораката (со посебен акцент на магистерските програми), каде академскиот кадар имаше можност да помогне во конкретни предлози во овој процес.

За истражувачките активности на Универзитетот и за постигнатите резултати во текот на една година, проректорот за истражување и за меѓународна соработка - проф. д-р Беса Арифи имаше презентација во која се осврна на постигнатите резултати, но и на главната насока на која ќе биде фокусирана истражувачката политика на Универзитетот.

Генералниот секретар д-р Џеваир Мемети одржа презентација за административниот кадар на Универзитетот за клучните индикатори за перформанса и за новите правилници на Универзитетот.

Презентација за Кодексот на однесување на Универзитетот одржа советникот за квалитет - проф. д-р Вероника Карева; додека темата „Да се направи разлика - внатрешен и надворешен ПР“ ја претстави советникот за маркетинг и промоција - проф. д-р Гадаф Реџепи.

Во текот на обуката имаше и сесии во работни групи, каде беа одржани презентации на специфични теми од деканите, раководителите на центрите, одделите и беа изведени специфични задачи за обука.

Дружењето, дискусијата и забавата продолжува во градот на албанската култура, т.е., Корча.

Google+